Проекција на филмот „Фред“ и концерт по повод сто години од раѓањето на Фред Бускаљоне

Од:

По повод сто години од раѓањето на италијанскиот музичар Фред Бускаљоне, вечер во холот на Кинотеката љубителите на кинематографијата ќе имаат можност да го проследат филмот „Фред“, а подоцна ќе следи и концерт на македонската група „NYX„ која ќе ги изведе неговите песни во живо.

Италијанскиот музичар, пејач и мулти инструменталист Фред Бускаљоне беше популарен во 50-тите години. Неговиот прв сингл во 1955 година е продаден во милион изданија. Ликот што е интерпретиран во неговите песни и филмови секогаш претставувал забавен човек од подземјето со склоност кон виски и жени, инспириран од филмовите во кои главните улоги ги толкуваат Кларк Гејбл и Мики Спилејн. На многумина животот им дава слава, но на многу малку од нив со нивната смрт се содава мит. Тоа му се случи на Фред Бускаљоне, кој со својата смртт на само триесет и девет години создаде легенда која беше предодредена да трае.

Филмот го раскажува ѕвездениот успон и пад на Фред Бускаљоне – тешките времиња на почетокот, незадржливиот подем и ненадејното исчезнување од сцената. Филмот, за прв пат, е еден вид емотивен и потресен портрет на еден од камен-темелниците на италијанската поп музика, преку сведоштвата на неговиот текстописец Лео Киосо, неговата сопруга Фатима Робинс, неговите музичари „Астернови“, пропратено со архивски слики.

Проекција на филмот се реализира во соработка со Амбасадата на Италија и Кинотеката.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска