Проекции на „Џезмен“ во Софија и Пловдив

Од:

Документарниот филм „Џезмен“ на режисерот Аљоша Симјановски вечер ќе биде прикажан во кино „Одеон“ во Софија, а утревечер и во Домот на киното во Пловдив. „Џезмен“ е проект – документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, која ја раскажува новинарот Велибор Педевски.

Како што соопшти македонскиот Културно-информативен центар во Софија, на проекцијата во Софија, покрај режисерот Симјановски, ќе присуствуваат и продуцентот на филмот Љупчо Стојановски и извршниот продуцент Горан Цветковиќ, кои ќе го претстават филмот пред софиската публика.

Во филмот учествуваат: Велибор Педевски, Милчо Левиев, Вадада, Лео Смит, Реџи Николсон, Реџи Воркмен, Ентони Брекстон, Сесил Тејлор, Брендон Рос, Греам Хејнс, Даг Вајзелман, Влатко Стефановски, Љупчо Поповски, Тимчо Апостолов, Марко Коловски, Оливер Белопета, Душан Која Коиќ.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска

„Крпен рурален живот“ – краток документарец за борбата на руралната жена во општеството

Ана Ололовска