Проекции на документраниот филм „КЕИФ“ во Кинотека 12 и 13 декември

Од:

Документарниот филм „КЕИФ“ (Македонска чалгиска традиција), кој својата премиера ја имаше на 11 ноември оваа година, во рамките на фестивалот Синедејс, ќе има и две проекции во Кинотеката на Македонија, денеска од 20.00 часот и утре од 18.00 часот. Влезот за двете проекции е слободен.

Филмот го следи развојот на чалгијата во Македонија, западните влијанија, резултатите од оваа синтеза и секако, нејзиното појавување во денешниот контекст, преку интервјуа со македонски музичари, но и светски познати уметници како Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин итн.

Во реализацијата на филмот учествуваа режисерот и монтажер Блаже Дулев, сценаристот Ристо Солунчев, кинематограферот Горан Наумовски, дизајнерот на звук Дарко Спасовски Пацки, продуцентите Горан Стојилковиќ и Владимир Стојчевски.

Филмот е во продукција на Award Film & Video и истиот е реализиран со поддршка од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето