Презентирани најновите археолошки откритија од Виничкото кале

Од:

Во Музејот „Теракота“ – Виница денеска беа презентирани најновите археолошки испитувања добиени од истражувањата на Виничкото кале од почетокот на годината, па досега.

На презентација присуствуваа голем број посетители меѓу кои и гости од збратимената општина Трајавна од Република Бугарија.

– Последното откритие во цистерна на Виничкото кале – мермерна скулптура која според првичните проценки е божицата Афродита со Ерос во рацете, за нас археолозите е од особено значење. Овој интересен предмет кој го пронајдовме на подното ниво на цистерната е мермерна скулптура во седечка положба. Тоа е скулптура на божицата Афродита, која седи на карпа и со левата рака се потпира на карпата. Покрај тоа откривме и доста ќерамика која во следниот период ќе биде научно обработена и се разбира конзервирана и изложена во витрините на Музеј „Теракота“, истакна директорката на Музејот „Теракота“, Јулијана Иванова.

Иванова ги информираше присутните и за понатамошните активности кои ќе бидат спроведени за заштита на Виничкото кале.

– Една од главните цели на проектот поврзани со заштитата на цистерната оваа година е нејзино оградување со ограда од поцврст материјал. Конзервација и покривање на цистерната би биле последователни фази од проектот за кој треба да се изготви проект во соработка со Национален конзерваторски центар кој е надлежен за недвижното културно наследство на територијата на општината, посочи Иванова.

Истражувањето на Виничкото кале е финансирано од Министерството за култура на република Македонија како проект од национален интерес за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Завршија археолошките ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане

Ана Ололовска

Одбележување на отпочнувањето на реконструкцијата на Хераклеа Линкестис

Ана Ололовска

Апликација за читање хиероглифи

Ана Ололовска

Почнаа археолошките истражувања во Стоби

Ана Ололовска

Археолошкиот локалитет Стоби од денеска отворен за посетители

Ана Ололовска

Почнаа археолошките ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане

Ана Ололовска