Претставите „Жолта линија“ и „Малечката“ вечерва на МОТ

Од:

Во рамките на Младиот отворен театар вечер во Македонската опера и балет ќе биде изведена претставата „Жолта линија“ на Загребачко казалиште младих, во режија на Ивица Буљан, а потоа во Младинскиот културен центар ќе се одржи премиерата на претставата „Малечката“ на Кумпанијази театар, во режија и според текст на Сема Али Ерол.

Во претставата „Жолта линија“ ансамблот демонстрира исклучителна енергија и страст во играта, прикажувајќи се како комплетни изведувачи – од глума, преку свирење и пеење до танц и физички движења. Покрај Луција Шербеџија, која ја толкува носечката улога, во претставата игра и младиот актер Ведран Живолиќ, кој ја игра носечката улога во македонскиот филм „Лазар“ чие снимање заврши пред помалку од еден месец.

Во 22 часот во МКЦ премиерно ќе биде изведена претставата „Малечката“ во режија и според текст на Сема Али Ерол, која е родена во Скопје, а веќе девет години живее и работи во Истанбул.

Во Македонија се поставени нејзините драми „Малечката„, „Небо Без Рамка“ и „Комши Капиџик“. Како драматург и асистент на режија работела во Македонија и во Турција, а превела и драматизации за повеќе претстави.

„Малечката“ е претстава за трагичниот крик на една безимена девојка која се бори со искривеното семејство и општество. Девојка силувана од својот брат, потисната од гнилите правила кои ги измислил некој друг за неа, а наоколу само беззаконие, неред, празнина, хаос. И покрај тоа, таа се бори и ја бара љубовта која веројатно воопшто и не постои. Љубовта и вербата, за кои можеби има само прочитано некаде, во некој друг свет, во светот на Роберто Зуко.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска