Претстави на МНТ онлајн на нивниот YouTube канал

Од:

Од утре преку YouTube каналот на Македонскиот народен театар ќе можат бесплатно да се следат претстави онлајн.

„Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас. Од утре со почеток од 20 часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно преку нашиот YouTube-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“. Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн“, порачуваат од МНТ.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора