Претставено меѓународното стручно жири на ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

Фестивалското жири ќе биде водено од еден единствен критериум, а тоа е квалитетот на сликата, на фотографијата во филмот и врз тој принцип ќе наградуваме, едногласно порачаа членовите на меѓународното стручно жири на ИФФК „Браќа Манаки“.

Сите филмови се квалитетни, најголем дел од нив биле оценувани и наградувани на други филмски фестивали во светот, но на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде наградена улогата на кинематограферот, посочи претседателот на стручното жири Ед Лакман.

-Тешко е да се издвојат сликите од самата содржина на филмот. Кинематограферот може да создаде автентични слики што ја отсликуваат филмската приказна. Филмовите на фестивалот се многу силни и тешко ќе биде да се изберат најдобрите, но ние ќе се посветиме на сликите и тоа ќе биде пресудно во одлучувањето, истакна Лакман.

Сликата во филмот, осветлувањето, компонираните кадри и како била раководена камерата во филмот ќе бидат критериум и за Фејми Даут и Калојан Божилов, помладите членови на жирито.

-Јас најчесто филмовите прво ги гледам на хартија, бидејќи го читам сценариото, а потоа на платно. Сега имам дополнителна обврска да ги гледам сликите, за потоа да ги оценуваме. Во секој случај единствениот критериум ќе биде влогот на кинематограферот, појасни продуцентот од Франција, Доминик Велински.

Српскиот режисер Ненад Дукиќ, пак, на прес-конференцијата посочи дека на фестивалите вообичаено се доделуваат награди за актер, режисер, музика…но ретко се доделуваат награди за кинематографер. Затоа ќе се обидеме, рече Дукиќ, да дадеме се од себе за да го препознаеме квалитетот на фотографијата во најдобрите фестивалски филмови.

Во конкуренција за златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ се 12 играни филмови.

Би можело да ве интересира

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска

Златна „Камера 300“ за кинематограферот Јани-Петери Паси од Финска

А1он

Во Битола вечер се доделува златна „Камера 300“ и завршува ИФФК „Браќа Манаки“

Ана Ололовска