Претставата „Светулки“, прва премиера во прилепскиот театар

Од:

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечер од 20 часот на матична сцена ќе ја изведе првата премиера од годинашнава програма. Станува збор за претставата „Светулки“ од хрватската авторка Тена Штивичиќ, која е и праизведба на текстот, во режија на Драгана Милошески Попова.

Претставата е за обичните луѓе кои се заглавени во еден аеродром, на половина пат до својата конечна дестинација и не може да го продолжат своето патување поради неочекуваното невреме. Заглавени во таа транзит зона, тие ги преиспитуваат своите животи, желби, своето минато и тоа за кое компнеат. Во една навидум едноставна, минлива состојба, тие донесуваат големи одлуки.

Режисерката Драгана Милошевска Попова објаснува дека оваа е прва нејзина соработка со театарот и иако се работело во ова чудно време, целата екипа направи интересна претстава со силни актерки улоги.

-„Светулки“ е текст на Тена Штивичиќ и мене многу ме интересира да соработувам со младите автори од земјава и од Регионот. А на овој проект работев и со двајца драматурзи, со Ивана нелковска и Лидија Митовска-Ѓорѓиевска, што се случува ретко. Соработката со целиот ансамбл беше многу интересна. Работевме во убава атмосфера во ова чудно време каде мора да држиме дистанца, каде пробите не можеа да бидат како досега, бидејќи е голема актерската екипа, ама се трудевме да ги испочитуваме сите прописи. Немавме проби каде бевме сите заедно, но убаво се снајдовме. Без оглед на се, успеавме да направиме интересна, пред сѐ, актерска претстава, актерите направија одлични улоги, рече Милошеска Попова.

Актерката Даниела Иваноска нагласува дека е пресреќна што се врати на сцената и како да ја обновува љубовта спрема актерството по големата пауза.

-Многу се радувам дека сме на сцената и правиме претстава. Се израдував како првпат да сум на сцената, и со првата проба имав чувство како да ми е прв работен ден во животот, со оглед на тоа што повеќе од година бевме „конзервирани“, некако оддалечени од она што е наш повик, наша професија, наша љубов. Со оглед на ситуацијата, режисерката направи одлична работа, имавме партнерски проби. Доживеав ново раѓање на љубовта спрема актерската игра и сфатив колку тоа го сакам, вели Иваноска.

Во претставата „Светулки“ играат актерите Даниела Иваноска, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Игор Трпчески, Марјан Чакмакоски, Марија Спиркоска Илијеска, Зоран Иваноски, Ангела Наумоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски, Елена Иваноска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, композитор е Ирена Поповиќ Драговиќ, драматурзи се Ивана Нелковска и Лидија Митоска Ѓорѓиевска, кореографијата и сценските движења се на Игор Киров, а преводот на текстот го направи Владимир Јанковски.

Новата в.д директорка на Центарот за култура „Марко Цепенков“, Јасмина Мицовска Станкоска информира дека по оваа прва претстава од годинашнава програма, прилепскиот театар ќе подготви уште две: комедија во режија на Синиша Евтимов и „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска