Претставата „Луди за љубов“ најдобра на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“

Од:

Со доделувањето на наградите на пригодната церемонија, синоќа во Гостивар заврши петтото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“.

Жирито на фестивалот, признанието за најдобра претстава го додели на Народниот театар-Битола за „Луди за љубов“. За најдобра актер е прогласен Фисник Зеќири за улогата во „Задоволствата на брачниот грев“ на Албански театар-Скопје, а за најдобра актерка Луиза Џувани за остварувањето во претставата „Умре од смеење“ на театарот од Корча. Наградата за најдобар режисер ја понесе Ќендрим Ријани за претставата „11 разбеснети“ на Гостиварски театар.

Годинава во големата сала Центарот за култура АСНОМ од 2 октомври во шест последователни вечери беа изведени претставите на театарските ансамбли: Народниот театар Битола, Албанскиот театар – Скопје, Државниот театар од Истанбул, театарот „Андон Жаку Чајупи од Корча (Албанија) и театарот „Авдуш Хасани“ од Подујево (Косово) и на Гостиварски театар.

Годинешното петто издание на фестивалот се одвиваше според пропишаните ковид-протоколи, а во публиката беа само лица кои имаат сертификат за вакцина.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска