„Бакхи-краток преглед на распадот“ на Битолскиот театар најдобра на „Војдан Чернодрински“

Од:

Претставата на Битолскиот народен театар „Бакхи- краток преглед на распадот“ според Еврипид во режија на Игор Вук Торбица, е најдобрата претстава во целина на годинашниов, 54. МТФ „Војдан Чернодрински“, соопшти денеска фестивалското жири во состав Бедија Беговска, претседател и членовите Љиљана Благојевиќ и Маја Вељковиќ. Претставата доби награда и за најдобрата режија, за режисерот Игор Вук Торбица.

Актерката Марија Спиркоска Илијески ја освои наградата за најдобра главна женска улога, за улогата на Велика во претставата на прилепскиот театар „Пиреј“, а Александар Степанулески е добитник на наградата за најдобра машка улога во оваа претстава за улогата на Јон. Претставата „Пиреј“ на Прилепскиот театар ја доби и наградата за најдобра музика и тоа за Димитар Андоновски.

Наградата за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ ја освои Гзим Жерка за улогата Сен-Жист во претставата на албанскиот театар „Смртта на Дантон“. Оваа претстава понесе уште две награди: награда за најдобра кореографија и сценски движења и е за Ѓерѓ Превази, како и наградата за рекламен материјал за Нгадњим Мехмети.

Актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска е добитник на наградата за најдобра епизодна женска улога за улогата на Карлота во претставата „Странци“ на Драмски театар од Скопје. Наградата за млад актер ја освои Симона Димковска за ликовите во претставата „Физика на тагата“ на Кумановскиот театар, а наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ – Тони Денковски за улогата на Горниот во претставата „На отворено“ на Театар Комедија од Скопје.

Добитник на наградата за современа сценска драматизација за претставата „Животинска фарма“ на Струмичкиот театар е режисерот Љупчо Горѓиевски, а на наградата за најдобра сценографија Константин Трпеновски за сценографијата во претставата „Макбет“ на МНТ. Оваа претстава ја доби и наградата за најдобра костимографија и и се доделува на Розе Трајчевска Ристовска. Годинава, наградата за текст не се доделува.

Наградите ќе бидат врачени вечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“, а ќе биде соопштено и која претстава е најдобра според гласањето на публиката која прв пат ќе додели награда. Со претставата во чест на наградените „Силјан Штркот шанца“ од Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јаникиевиќ, а во изведба на МНТ ќе биде спуштена завесата на годинашниов 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска