Претстава на Импровизаторската театарска група „Настап”

Од:

Продолжуваат активностите од областа на културата во Македонска Каменица. Импровизаторската театарска група „Настап” која се бави со играње на театарски игри во форма на забавно шоу, како што информираат од Културно-информативниот центар ,,Романса” која е организатор на настанот, вечер ќе се претстави пред каменичката публика.

Претставата ќе се изведува со почеток во 20 часот и истата, како што додаваат организаторите, не е наменета за лица под 14 години.

– Импровизаторската театарска група „Настап” е составена од Тони Денковски, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски, Мартин Манев, Андреј Цветановски и Димче Николовски – Димсата. Станува збор за настап, во кој актерите ќе играат сцени за кои немаат сценарио, но имаат правила, во зависност од играта. Овој вид на целовечерна претстава без сценарио и дава можност на публиката директно да учествува во создавањето на содржината преку задавање на локации, ликови или проблеми во сцените, кои актерите тогаш, за прв пат, ќе ги одиграат, информираат од КИЦ „Романса“.

Билетите за настанот, кој е поддржан од Општина Македонска Каменица, можат да се набават на билетарата во каменичкиот Дом на култура.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска