Претпоследната вечер на ОФФест со „Геомунго фактори“ и Зоран Предин

Од:

Јужнокореанките „Геомунго фактори“ кои вешто комбинираат традиционална музика од четвртиот век со нови, современи звуци, и  Зоран Предин, поранешниот фронтмен на култниот „Лачни Франц“, настапуваат денеска во МОБ, на претпоследната вечер од ОФФест.

„Геомунго фактори“ се „крстени“ по стариот инструмент со четири жици од свила на кој се свири со кусо бамбусово стапче. Експериментирајќи, младите, исклучително талентирани музичарки, порачуваат дека традиционалното и модерното се два концепта кои меѓусебно не се исклучуваат, туку напротив, старото се развива со постојан иновативен пристап.

Словенечкиот кантавтор Предин, придружен од извонредниот хрватски состав „Дамир Кукурузовиќ Џанго груп“ ќе ја претстави концертната програма во која преовладуваат џипси-свинг стандардите, но ќе направи пресек и на најголемите негови хитови.

ОФФест завршува утре со концерти на Кармињо, најголемата нова ѕвезда на португалското фадо, и на фламенко атракцијата од Шпанија, инспиративниот женски квартет „Лас Мигас“,во МОБ.

Фестивалот почна во петокот со настап на унгарскиот виртуоз на виолина Феликс Лајко. Прикажан беше и документарниот филм „Јупитерс денс“, приказна за животот на музичарите во Конго раскажана преку патување низ гетата на Киншаса. Во неделата публиката уживаше во етио-џезот на легендарниот Астатке и во одличната изведба на „Фолтин“, додека вчера имаше можност да ги доживее симболот на музичката сцена на Конго Јупитер Боконџи и неговиот бенд Окуес интернешнал.

Би можело да ве интересира

Четврта завршна вечер на OFFest 2023

Ана Ололовска

Почнува 22. издание на ОФФ-Фест

Ана Ололовска

Во продажба билетите за 22 ОФФ-Фест

Ана Ололовска

„Скопски џез фестивал“: Го откажуваме 22. издание на „OFFest“

Ана Ололовска

Последна вечер на 21. OFFest

Ана Ололовска

Македонска вечер за почеток на Offest

Ана Ололовска