Престижниот „Карлови Вари“ го селектираше македонскиот филм „Снежана на крајот умира“,кој е поддржан од Агенцијата за филм

Од:

Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“, кој е во постпродукција, е еден од осумте селектирани филмови во „Work in progress“ програмата во рамки на индустриската селекција на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари што ќе се одржи од денеска до 10 јули 2020 година.

– Голема е честа, но и одговорноста проектот да биде претставен пред „кремот“ на европската филмска индустрија, на фестивал од „А“ категорија, велат од продукцијата.

Приказната по сценарио на Кристијан Ристовски, раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен зависник од дрога. Маја е „волк самотник“, не комуницира очи во очи со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детството, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизација на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи…

Филмот е во продукција на Вертиго Висуал, сценарист и режисер е Кристијан Ристески, продуцент Дарко Попов, а главните улоги ги играат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето