Премиера на „Темниот бакнеж“ – танцова претстава од деца за деца

Од:

Колектив Ветерница ја најавува својата нова – шеснаесетта премиера по ред, под наслов „Темниот бакнеж“. Во неа учествуваат 30 деца од групите по танцов театар на возраст од 5 до 13 години, Претставата е работена во последната учебна година, а истата раскажува за темниот бакнеж на сонцето и месечината, кој ќе ескплодира во безброј магични сплетки на шумските самовили, нивните сестри вештерки и браќа гаврани. Претставата изобилува со музика и танц и е соодветна за секоја возраст.

Костимите и сценографијата се на Колективот Ветерница кој веќе 5 години активно се занимава со продукција на независен танцов театар од деца за деца.

Премиерата е закажана за 20ти мај (понеделник) од 19:30 часот во МКЦ Кино Фросина, на чија билетара може да се набават билети по 150 денари.

Би можело да ве интересира

Искра Шукарова организира резиденции за млади автори за современ танц во Бугарија и Унгарија

Ана Ололовска

Почнува меѓународниот натпревар „ИКС ДЕНС 2019“

Ана Ололовска

Презентација на програмата на Катедрата за балетска педагогија современ танц

Ана Ололовска

Кореографката Шукарова учествува на Балтичката танцова платформа

Ана Ололовска

Танц Фест 2019 – јубилеј за паметење

Ана Ололовска

Танцова претстава од Кина за затворањето на 15. „Танц фест“

Ана Ололовска