Премиера на „Волшебникот од Оз“ во Струмица

Од:

Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица со премиерата на детската претстава „Волшебникот од Оз“ ја заврши годинашната сезона.

Претставата во режија на Димо Димов од Бугарија беше изведена синоќа на големата сцена во Центарот за култура во Струмица.

– Задоволни  и среќни сме што видовме насмеани и ведри детски лица. Со моите другари Николај Николов, сценарист, и Иван Стојанов, кој се погрижи за богатата музичка подлошка, во Струмица сме по трет пат. Мислам дека со нашето ново видување на оваа претстава која е стара еден век, на младите им  испративме убава порака за љубов и пријателство, изјави режисерот на претставата Димо Димов.

За младите артисти Јулија Милкова, која ја играше улогата на Дороти и Васил Стојанов-Трн во улогата на Лимениот човек, детските претстави се најинтересната и најубавата работа на сцената.

– Децата се најубавата и најискрената публика. Тие знаат да примат и да вратат енергија. Малата звучна игра со мојот роботски глас, тие брзо ја прифатија. Мислам дека четириесет дневната подготовка на оваа пртстава беше вистински наградена со искрен аплауз, рече актерот  Васил Стојанов-Трн.

Според директорот Драги Маџиров, со детските претстави „Волшебникот од Оз“ и куклената претстава „Јованче и Марика“, Народниот театар годинава ги прави првите чекори за враќање на младата публика во театарот.

Претставата „Волшебникот од Оз“ ќе биде на репертоарот во текот на претстојните празници и за време на зимскиот распуст.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска