Премиера на средношколскиот филм „Светлина“ на фестивалот „Џифони Македонија“

Од:

Во рамки на седмиот фестивал „Џифони Македонија“, вчера во кино „Фросина“ премиерно беше прикажан 30-минутниот филм „Светлина“ на група средношколци, во режија на Мартин Чичовски. Премиерата беше поздравена со аплаузи и следуваа многу прашања по проекцијата, а талентираните средношколци најавија дека ќе снимат и втор дел од филмот. Улогите ги толкуваат: Мартин Чичовски, Марија Додовска, Вања Тројачанец и Матеа Димовска.

– „Светлина“ го снимавме три месеци. Направивме филм во кој сакавме да им упатиме порака на родителите дека треба да ги поддржуваат своите деца и да ги остават да го прават својот избор. Во филмот сакавме да обрнеме внимание и на темата на малолетничката бременост, која ја има сè повеќе, и дека сите треба да бидеме повнимателни, истакна Чичовски, кој е и сценарист и монтажер на филмот. Рече дека сценариото е замислено со втор дел, но не е извесно кога ќе се сними поради обврските на училиште, а и поради финансии.

„Светлина“ не е прв филм за овие средношколци. Нивниот прв самостоен филм беше „Ема“, а неодамна за краткометражниот филм „Фотографот“ добија и награда на Филмскиот фестивал во Србија.

На вториот фестивалски ден „џифонци“, меѓу другото, се сретнаа и со претставници на движењето „Friday for Future“, имаа можност да проследат и мастерклас – Светски обединети колеџи – глобално образовно движење кое го користи образованието како сила за обединување на луѓето, нациите и културите за мир и одржлива иднина.

На фестивалот денеска од 17 часот ќе гостува бендот „Дупер“ на Борис Какуринов и Илчо Нечовски. Од 18 часот фокусот ќе биде на главната тема на фестивалот. Низ игра младите ќе научат факти за климатските промени. Здружението „Еко свест“ ќе одржи предавање на тема „Загадување на воздухот – тивок убиец“. Богатиот фестивалски ден ќе заврши со Меѓународна вечер, со претставување на гостите од сите десет земји.

Пред „Скопје сити мол“, пак, денеска ќе биде поставена патувачката училница „Una vita da social – Живот на социјалните мрежи“, проект на Министерството за образование и наука на Италија. Експерти од италијанската полиција ќе им доловат на децата и младите како може да се користи интернетот на полезен и безбеден начин, со укажување на најнепредвидливите замки.

Би можело да ве интересира

Едукативни филмски работилници за деца

Ана Ололовска

Патувачката училница „Живот на социјалните мрежи“ во Градскиот парк

Ана Ололовска

Седмиот „Џифони Македонија“ со 650 деца и млади од десет земји

Ана Ололовска

Филмскиот фестивал „Џифони патува“ во Кавадарци на 19 и 20 јуни

Ана Ололовска

Филмскиот фестивал „Џифони патува“ денеска и утре во Радовиш

Ана Ололовска

Филмскиот фестивал „Џифони патува“ утре и задутре во Кичево

Ана Ололовска