Премиера на „Пандорината кутија: Наследството на ќерката“ во МКЦ

Од:

Во Младинскиот кулурен центар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Пандорината кутија: Наследството на ќерката“, по текст и во режија на Ришард Ниечим од Канада.

Во претставата настапуваат Јасмина Билаловиќ и Златко Митрески, кој е и музички изведувач и автор на музиката. Останатиот тим го сочинуваат: Ивана Балабанова – асистент на режисерот, Павел Маслов – костими, Мартин Манев – сценографија и Симона Димковска – асистент-сценограф.

Пандорината кутија: Наследството на ќерката“ е дел од циклусот претстави на Ришард Ниечим под заедничкиот наслов „Древни огледала/Современи гласови“. Претставата е во два чина, од кои првиот чин ги претставува древните гласови или патријархалната херојска перспектива на мажите и машките богови и божици на античка Грција во однос на жените и женственоста, додека вториот ги претставува современите гласови на наследената патријархална херојска перспектива на современите мажи и жени без потхранувачките митови за античките богови и божици и наследената борба на жените за ослободување на сопствениот женски глас.
„Пандорината кутија: Наследството на ќерката“, како што се наведува во описот на претставата, се занимава со современите конфликти меѓу наследените патријархални херојски машки начини на перцепција и женските перспективи што се развиваат и некои од ефектите врз телото, умот и душата на современата жена кои се занимаваат со губење на вербата во старите богови и божици и античките поими за божественост, кога вербата во божественоста е заменета со волјата за моќ.

Билетите се достапни на билетарата на МКЦ по цена од 300 денари. Поради КОВИД-19 протокол, местата се ограничени.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а го спроведува З.У.К.Ц. Медиа Артес. Подготовката на претставата беше логистички поддржана од „Битрикс Културно-уметнички центар“.

Би можело да ве интересира

Конкурс за идејно-графичко решение за јубилејот „50 години МКЦ“

Ана Ололовска

Директорот на МКЦ поднесе оставка

Ана Ололовска

Промоција на „МАКЕДОНИУМ: Драматургија на незавршеното“ – заедничко истражувачко дело на Јане Чаловски и Христина Иваноска

Ана Ололовска

Претставата „Модиљани“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

МКЦ ги откажува сите настани и претстави од МОТ до петок

А1он

„Пливање во лепливото езеро“ – проект на уметниците Чемерска, Мирчевска и Велковски во МКЦ

Ана Ололовска