Премиера на операта „Скендербег“ на Фатос Лумани во НОБ

Од:

Во Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се одржи премиера на оперското либрето „Скендербег“ на композиторот Фатос Лумани.

Оперското либрето Скендербег е базиранo врз твроби на странски и албански автори кои во нивните дела како протагонист го имаат ликот на Скендербег.

– Националниот албански херој Ѓерѓ Кастриоти познат и под името Скендербег, во оваа опера се портретизира како врвен борец, патриот но и како човек обземен со човечки и љубовни чувства. Во знак на неговите борбени вештини, Султан Мурад II , на Скендербег му го ветува престолот на Едрене, како и неговата ќерка Фатиме за жена, а на синот Мехмет, престолот на Арбериа. Овој предлог го вознемирува Скендербег и во неговите сеќавања се појавуват мајката Војсавa и браќата, во времето кога тие биле земени како заложници. Наоѓајќи се во дилема да избира помеѓу љубовта на Фатима и гласот на татковината, Скендербег се одлучува за второто. Со помошта на неговите соборци, поготово со помошта на Лек Дукаѓини, а и од неговиот внук Хамза, Скендербег ја напушта борбата во Ниш и се упатува кон таковината. Тој влегува во Круја и го освојува замокот. На него му се придружува и неговата сестра, Мамица и ја постигнува неговата цел за слобода, информираат од НОБ.

Историјата на херојот, посочуваат, почнува со неговата висока кариера во Османлиското Царство и завршува во замокот во Круја. На овој начин, во ова дело Скендербег од Едрене му припаѓа целосно на минатото, затоа што на крајот тој се враќа како Ѓерѓ на Круја и на цела Арбенија.

Режисер на ова опера е Чендрим Ријани, диригент Олси Ќинами, асистент режисер Петрит Незири либретист Аријан Красничи, кореограф Артан Ибершини, костимограф Марија Пупучевска, концерт мајстор Верица Ламбевска, хор мајстор Јасмина Ѓоргеска, светло дизајн – Милчо Александров, асс. кореограф Саша Евтимова, корепетитори: Шкељзен Бафтијари, Андреја Наунов, Јанинка Невчева
и нотограф Адис Исмаили.

Во оваа опера улогите ги толкуваат: ликот на Скендербег го толкува Армалдо Клоѓери, Фатима – Зана Абази Рамадани, Хасан Ага – Армандо Ликај, Султан – Васко Здравков, Мамица – Нина Мухо, Хамза – Никола Стојчески, Лек Дукаџини – Лиридон Садриу, Јерина – Марија Наумовска, Пејачот – Мустафа Имери, Пејачката – Бесарта Муртезани, Војник – Исмет Вејсели, Сихана Бадивуку – виолинист на сцена, Мајка на Скендербег – Дрита Каба Карага.

Од Хорот и оркестарот на Националната опера и балет настапуваат: Агим Бафтии, Ева Џингова, Мартина Димовска, Матеа Илиевска, Стефанија Кузмановска, Арта Ќаили, Антонија Димитриевска, Тијана Аврамовикиј, Бојан Димовски, Веселин Трајковски.

Би можело да ве интересира

Нова македонска опера на европската музичка сцена

Ана Ололовска

ВИДЕО: Концертот на Андреја Бочели го гледале скоро 25 милиони луѓе

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Концерт на Андреа Бочели во живо: Да ја прегрнеме оваа ранета планета

А1он

Андреја Бочели со настап во катедралата Дуомо за Велигден

Ана Ололовска

Откажана оперската претстава „Кармен“ што беше најавена за 13 март

Ана Ололовска

Ана Дурловска доби позитивна критика за настапот во Големиот театар во Женева

А1он