Премиера на операта „Боеми“ на „Скопско лето“

Од:

На фестивалот „Скопско лето“ вечер од 20 часот во Македонската опера и балет премиерно ќе биде изведена операта „Боеми“ од Џакомо Пучини во италијанска продукција.

Режисер и сценограф на претставата е Италијанецот Лев Пулиезе, а диригент неговиот сонародник Џузепе Сабатини.

Улогите ги играат: Салваторе Кордела, Алеио Потестио, Итало Проферише, Мауро Корна, Анџела Низи, Пиетро Навиња, Џесика Роуз Камбио, Јане Дунимаглоски и Димитар Кожухаров.

На „Скопско лето“ утревечер во Куршумли ан ќе биде изведена претставата „Чија си“ од Сашко Насев во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, во продукција на Драмски театар-Скопје.

Би можело да ве интересира

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“