Премиера на краткиот филм „Вистината за Бади“

Од:

Краткиот средношколски игран филм „Вистината за Бади“ денеска ќе има онлајн премиера, со почеток во 18 часот на официјалната ФБ фан страна на Центар Мултус. https://www.facebook.com/MultusCentar

Филмот е во продукција на Центар за едукација, култура и активизам Мултус од Гевгелија и ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија и е работен како дел од проектот „Сите вистини на вестa“.

– Филмот го работевме со голем ентузијазам од вклучените средношколци. Оваа активност беше вметната во проектот со две цели – да се прикаже потенцијалната штета на медиумските манипулации и да се даде шанса на гевгелиските средношколци да се вклучат во ваков предизвик и да создадат филм. Се надеваме дека некој од нив ќе остане со овој интерес и дека ќе го одбере токму овој правец за своја кариера, изјавија од Центар Мултус.

Проектот „Сите вистини на веста“ е дел од проектот Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, спроведуван од Фондација Метаморфозис и Еуротинк – Центар за европски стратегии.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето