Премиера на „Хамлет во пикантен сос“ на Театар комедија – Скопје

Од:

Скопската премиера на Театар комедија – Скопје, „Хамлет во пикантен сос“ од Алдо Николај во режија на Александра Кардалевска ќе биде изведена среда, во 20 часот. Премиерната изведба на „Хамлет во пикантен сос“ беше на Охридско лето.

– Откако постоиме, ова е прва претстава во која немаме гости. Веќе сме голем ансамбл, проширени со уште четири нови актери. Играме сите, а првпат играм и јас со својот ансамбл, рече Жугиќ. Додаде дека во претствата има музика во живо, без инструменти. Се свири на тенџериња, со лажици, виљушки…, рече директорката Јелена Жугиќ, на денешната прес-конференција.

Главни двигатели на дејството се готвачот и готвачката во замокот во Елсинор. Застапени се и ликовите од благородништвото кои се појавуваат во кујната, како Хамлет, Офелија, кралицата, Лаерт, Хорацио, Полониј…

Режисерката Кардалевска изрази задоволство што во голем дел работела со млад ансамбл.

Во претставата, покрај Жугиќ, играат Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Зорица Стојановска, Кристина Ласовска, Жарко Димоски, Ердоан Максут, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино и Илија Илиоски. Дебитираат сценографот Стефан Спировски и костимографот Маја Димовска, а композитор е Оливер Јосифовски.

Театар комедија-Скопје работи околу три години и ги користи просториите на Драмскиот театар. Од следниот месец почнуваат да ја подготвуваат третата претстава, одобрена од Министерството за култура, во режија на Синиша Ефтимов. 

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска