„ПРЕДЕЛИ – симболи во дрво, стакло …“- нова самостојна изложба на Љупчо Бојаров во КИЦ-Скопје

Од:

Нова самостојна изложба на академскиот уметник Љупчо Бојаров насловена „ПРЕДЕЛИ – симболи во дрво, стакло …“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во Културно – информативниот центар во Скопје.

На оваа 23-та самостојна изложба на Бојаров ќе бидат преставени 30 дела изработени во повеќе материјали како дрво, стакло, епоксидна смола и бакарна жица.

Делата се изработени во период од 2015 – 2021 година.

Љупчо Бојаров е роден на 16. август 1959 г. во Скопје. Училиште за применета уметност завршил 1978 година во Скопје, каде и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 1984 година. Член е на ДЛУМ од 1984 година и живее и работи во Скопје.

Досега има одржано 23 самостојни изложби во земјава и во странство (Србија, Шведска и Црна Гора). Учествувал на повеќе од 150 групни и меѓународни групни изложби, 151, Македонија, Србија, Црна Гора, Чехословачка, Унгарија, Словачка, Шведска, Шпанија, Англија, Франција, Америка, Грција, Египет, Италија и Бугарија. Добитник е на 11 награди дои меѓународни награди , 11, Македонија, Чехословачка, Шведска и Италија.

Изложбата во КИЦ-Скопје ќе може да се посети до 10 ноември 2021 година.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска