Предавање „Стрип и ангажман“ на Томислав Османли

Од:

Писателот, новинар и есеист Томислав Османли вечер од 20 часот во киносалата на Музејот на современа уметност ќе одржи предавање насловено „Стрип и ангажман“, во кое ќе се осврне на различни аспекти на општествено-културно влијание на стрипот и графичката литература.

Низ примери од класичното и современото стрип-творештво, Османли ќе говори за стрипот како медиум низ кој авторите се обидуваат да покренат важни политички, социјални и општествени прашања и за тоа каде е границата помеѓу стрип уметноста со ангажирана тематика и неговото влијание наспроти површниот памфлетизам.

Предавањето се реализира во рамки на Школата за ангажиран стрип, која се одржува од април до ноември и е фокусирана на социјално ангажираниот стрип. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура, Општина Центар и Културен центар „Јадро“.

Би можело да ве интересира

Саем на книга на албанските издавачи во Гостивар

Ана Ололовска

Доделени наградите од третиот конкурс за краток расказ „Бибер“

Ана Ололовска

Нова збирка книжевни критики и есеи „Заветни поуки“ од Васил Тоциновски

Ана Ололовска

„Дневници на една љубов“ – нов роман на Лилјана Пандева

Ана Ололовска

Во Битола отворена празнична изложба на книги за 11 Октомври

Ана Ололовска

Книга за културната дипломатија на СФРЈ од Васко Шутаров

Ана Ололовска