Предавање на германскиот сценограф Јан Папелбаум

Од:

Германскиот сценограф Јан Папелбаум вечер од 19 часот во Музејот на современа уметност ќе одржи предавање „Модерното на сцена (Сонот на куќата)“, што е дел од програмата „Преведување визуелна драматургија 2019“ на Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт.

Јан Папелбаум е еден од најинвентивните современи театарски сценографи во германскиот и европски театар, резидентен сценограф во „Шаубуне“ во Берлин, кој соработува со етаблираните режисери Томас Остермајер, Фалк Рихтер, Том Кунел…

-Негови најпознати сценографии се од претставите со специфични сценско-режисерски поставки, како „Ричард Трети“, „Хамлет“, „Хеда Габлер“, „Елдорадо“ … каде што сензибилно, вешто, досетливо и непредвидливо ги спојува наративното од драмскиот текст, визијата на режисерот и сценографското дожувување на реалноста инспирирана од антропологијата на секојдневниот живот – животот и луѓето во и вон градовите денес и тука, соопшти Музејот на современа уметност.

Јан Папелбаум ќе зборува за своето сценографско искуство и неговото место во современиот театар, за германскиот театарски систем и неговата соработка со најталентираните современи режисери денес.

Покрај предавањето, утре и задутре ќе се одржи и стручна работилница за современа сценографија, во соработка со афирмирани и активни македонски сценографи, визуелни уметници, режисери и архитекти.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска