Предавање „Како да раскажеш приказна“ од Кахане Куперман на ЕСРА

Од:

„Како да раскажеш приказна“ е насловено предавњето што денеска на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје ќе го оджи угледната режисерка и ТВ продуцентка од САД, Кахане Куперман.

Кахане Куперман е истакната режисерка и телевизиски продуцент со повеќегодишна успешна кариера во САД. Таа ја потпишува режијата и е продуцент на краткометражниот документарен филм „Виолината на Џо”, номиниран за Оскар во 2017 година. Работи како извршен продуцент на серијал за SundanceTV.

Пред тоа, таа беше извршен продуцент на „The New Yorker Presents”, серијал на Amazon Prime. Од 2005-2015, таа е ко-извршен продуцент на The Daily Show со Џон Стјуарт, каде што првично беше ангажирана како продуцент во 1996 година. За нејзината работа на шоуто, таа доби 11 награди “ Primetime Emmy” и три награди Пибоди.

Кахане, која е магистер на филмски уметности од Универзитетот Колумбија, ја започна кариерата во областа на документарниот филм во Maysles Films од Њујорк. Таа режирала и продуцирала неколку документарни филмови пред „Виолината на Џо“, како што се: Cool Water (Филмски фестивал Санденс) и Making Dazed за Dazed and Confused на Ричард Линклатер, кој се емитуваше на AMC и подоцна го презеде и Criterion Collection.

Предавањето на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје (ЕСРА) е организирано во соработка со Амбасадата на САД и Програмата The American Film Showcase, како и Школата за филмски уметности од Јужна Каролина, USC School of Cinematic Arts (SCA).

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето