Предавање и работилница со унгарската продуцентка Силвија Хушар во Струмица

Од:

Проектот „Конфронт драма“ – предавање и работилница со унгарската продуцентка Силвија Хушар ќе се одржи денеска во Народниот театар „Антон Панов“
во Струмица.

„Конфронт драмата“ е наменета за театарската заедница во државава и ансамблот актери, драматурзи, режисери и продуценти на НУ Театар „Антон Панов“ во Струмица.

Проектот е дел од програмите на Македонскиот центар на ИТИ, Унгарската амбада во Скопје и Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица, а поддржан е од Министерството за култура на Р.С. Македонија и Унгарската амбасада во Р.С.Македонија.

Силвија Хушар е театролог, преведувач и креативен продуцент. Родена е во Чехословачка. Дипломирала на Одделот за театрологија на Академијата за Изведувачки уметности и магистрирала на Универзитетот Комениус во Братислава.

Од 2009 година работи во Маладипе театар како менаџер за меѓународни соработки и како креативен продуцент за уметничкиот режисер Золтан Балаш.

Официјален јазик на предавањето и работилницата е англискиот јазик, со симултан превод на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска