Повеќекратни неандерталски населувања во пештерата Голема Пешт во Поречјето

Од:

Во тек се археолошките истражувања на локалитетот Голема Пешт, долгорочен проект на Министерството за култура. Годинава е отворена петта сонда во десната страна на пештерата. Преовладуваат животински остатоци кои не се само внесувани во пештерата како храна туку коските се модифицирани од страна на човекот и најверојатно употребувани како орудија/оружје.

Носител на проектот е Археолошкиот музеј, а раководител на истражувањата е Љиљана Шаламанов-Коробар.

– Вториот елемент особено значаен за палеолитската култура е откривањето на камените артефакти употребувани за алат од страна на неандерталската популација. Изборот е особено интересен. Станува збор за наоди од горски кристал. Најверојатно оваа суровина е бирана и поради тврдината како и поради убавината и прозрачноста на овој минерал, се вели во соопштението од Археолошки музеј на Република Северна Македонија.

За крајот на ископувањата, како што се наведува, е предвидено собирање на седиментацијата за уште шест наредни слоеви и повторување – доставување од минатата година за анализата ОСЛ. Резултатите се очекуваат за една година.

– Досега се поставени различни по димензии сонди и регистрирани се 22 геолошки слоја. Откриени се камени ракотворби (орудија и оружје) и животински остатоци. Типолошките и технолошките белези на материјалните наоди укажуваат на постоење на среден палеолит. Прелиминарни податоци од анализата ОСЛ – лабараторија на Институтот Макс Планк, Германија – се однесуваат на слоевите 2 и 3 со старост од 60.000 години п.н.е. За слојот 5 датумот е 104.000 п.н.е, се вели во соопштението.

Палеолитското наоѓалиште Голема Пешт се наоѓа на 65 километри од главниот град Скопје во близина на селото Здуње и над новоформираното езоро Козјак (некогашна река Треска). Пештерата е долга 35 метри и широка 18 метри, има мало плато пред неа и поглед и прегледност на целата околина и кон север кон југ.

Би можело да ве интересира

Во праисторијата бебињата пиеле млеко од овца и крава

Ана Ололовска

Почина Јовица Станковски – археологот кој го промовираше и истражуваше Кокино

Ана Ололовска

Завршија археолошките ископувања на локалитетот Црквиште

Ана Ололовска

Археолозите открија голем замок на Маите во Канкун

Ана Ололовска

Откриени гробници стари 3.500 години на Пелопонез

Ана Ололовска

Во Мексико пронајдено сидро од времето на конквистадорите

Ана Ололовска