Потпишан Договор за соработка на министерството за култура и „Традуки“ за периодот 2019 – 2020 година

Од:

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Музејот на македонската борба, заедно со претставниците на земјите членки на Европската мрежа за литература и превод „Традуки“ потпиша Договор за соработка за периодот 2019 – 2020 година.

По потпишувањето на Договорот со кој се продолжува полноправното членство на Македонија и на останатите држави за наредниот двегодишен период, министерот за култура Адеми го изрази своето уверување дека како држава ќе дадеме свој значителен придонес во стратегиските насоки за развој на Мрежата и промоција на вредностите кои се дел од заедничкиот европски мозаик.

Тој ја нагласи и подготвеноста на Република Македонија за логистичка и каква и да е друга поддршка околу реализација на идните планови за развој на Мрежата. Министерот Адеми ја истакна потребата од уште поголемо внимание за преведувачите, кои претставуваат важни културни посредници во промоцијата и афирмацијата на делата и авторите во меѓународен контекст. Во таа смисла беше изразен интерес за зголемена динамика на средби меѓу авторите, преведувачите, издавачите, библиотекарите, критичарите и научниците од земјите кои се членки на Мрежата.

Република Македонија е полноправна членка на Мрежата „Традуки“ од ноември 2017 година, а во неа учествуваат и: Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Косово, Лихтенштајн, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Швајцарија.

Потпишувањето на Договорот за соработка се реализира во рамките на тридневната работна средба на членовите на Управниот одбор и Програмската комисија на Европската мрежа за литература и книги „Традуки“, која се одржува од 29 до 31 октомври во Скопје.

Би можело да ве интересира

Над 3000 вработени во културата се без плата, од утре излегуваат на протести

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид

Адеми: Се согласуваме со Пендаровски дека треба да го одржиме европскиот курс

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

И „Виаком“, фирма блиска до Елмедин Адеми донирала на ДУИ

Александар Тодески