Објавена книгата „Потпалувачи“ од ирската писателка Јан Карсон

Од:

Книгата „Потпалувачи“ од познатата ирска писателка Јан Карсон, за која ја добива Европската награда за литература, излезе од печат во издание на издaвачката куќа Паблишер.

Романот е издаден во рамки на новата едиција „Приказни што нè обединуваат“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, а во превод на Ацо Пероски.

Како што наведува издавачот, „Потпалувачи“ е приказна за двајца татковци од Белфаст во време на големи социјални немири. Додека градот е во пламен, а властите ја губат контролата, Џонатан и Семи се соочуваат со своите лични демони. Растргнати меѓу одлуките што треба да ги донесат за своите деца, кога нивните патишта ќе се вкрстат, двајцата татковци пред себе го имаат истото прашање: кого ќе изберат да заштитат? Дали ќе победи љубовта кон децата? Поттикнувачка и возбудливо оригинална, оваа приказна за суровата семејна љубов и жртвувањето е преполна со магија.

Јан Карсон е писателка и учителка по убави уметности од Белфаст. Нејзин прв роман е „Малком Оринџ исчезнува“, издаден во 2014 година, а авторка е и на збирката раскази „Деца на децата“ ( 2016), и збирката куси раскази „Приказни од разгледница“ (2017). Во 2015 година била номинирана за наградата Шон Офејлен за најдобар расказ. Ја освоила наградата на Харперс базар за најдобар расказ во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Почнува Фестивалот на чајот и читањето

Ана Ололовска

Уште побезбедно купување во суперпродавницата „Литература.мк“ – поставени прочистувачи на воздух што ги користи и НАСА

Ана Ололовска

Излезе од печат првата книга за локалитетот „Цареви Кули“ во Струмица

Ана Ололовска

Објавен романот „На големото корито“ од Софи Дол

Ана Ололовска

Конкурсот за наградата „Роман на годината“ трае до 15 јануари

Ана Ололовска

КупиКнига.мк: Најпродавана книга за 2020 година – „Принцезата Султана: неисплачени солзи“

Ана Ололовска