„Последниот балкански вампир“ премиера во велешкиот Народен театар

Од:

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во четврток вечер ќе биде изведена првата годинашна премиера „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Ивановски.

Иако Дуковски ја напиша претставата, како своја испитна претстава по драматургија, а беше изведена на сцената на Велешкиот театар уште во 1989 година, таа е сега актуелна уште повеќе, потенцира Јордан Витанов директор на театарот и актер кој играше во првата претстава.

За претставата на која се работеше два месеца режисерот Александар Ивановски појаснува дека во неа нема класични вампири, нема ни крв.

– Но, она што многу јасно го има се теми кои што се поврзуваат, пред се, со манипулацијата – и со луѓето и со информациите. Клучниот проблем е односот помеѓу индивидуата и општетството, помеѓу единката и системот. Тоа прашање денес станува се побитно, имајќи ги предвид општите глобализациски процеси, кризата со креативноста во образованието од потребите на пазарот и на системските механизми, вели режисерот.

Според него, „Последниот балкански вампир“ се обидува да го сочува и одбрани достоинството како човек, како индивидуа, како свесно суштетство исправено спроти репресивниот механизам.

– Сржта на драмската структура се движи по рабовите на гротеската и апсурдот, тензијата и олеснувањето,потенцира Ивановски.

Во претставата настапуваат актерите Маја Љутков, Кети Борисовска, Слободанка Чичевска, Самоил Стојановски, Кица Ивковска, Славица Манаскова и Весна Димитровска.

Сценографијата е на Дејан Трипуновски, а костимите на Александра Крнинова Груев.

Би можело да ве интересира

„Женидба“ на Гогољ гостува во МНТ

Ана Ололовска

Претстава на Импровизаторската театарска група „Настап”

Ана Ололовска

Седумдесет години прилепски театар, се обезбедува документацијата за доградба на Домот на културата за потребите на Театарот

Ана Ололовска

„Лажговци“ – премиера на Прилепскиот театар за 70-годишниот јубилеј

Ана Ололовска

Прилепскиот театар одбележува 70 години постоење

А1он

„Мојот маж“ – премиера на Драмски театар според расказите на Румена Бужаровска

Ана Ололовска

Leave a Comment

13 − 4 =