„Последната ноќ“, прва театарска претстава во Битола по ковид-паузата

Од:

НУ Народен театар-Битола по остранувањето на забраната за претстави донесена заради заштита од корона на актерите и публиката, утревечер на матичната сцена ќе ја изведе претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист во режија на Андреј Цветановски.

Од битолскиот театар инфирмираат дека претставата ќе се прикаже во рамки на Интернационалниот Фестивал на класична музика „Интерфест“, а воедно со оваа дуо-драма, ќе биде означен почеток на театарските претстави коиво иднина ќе се играат исклучиво со здравствен протокол.

Во „Последната ноќ“ настапуваат Соња Михајлова и Марјан Ѓоргиевски презентирајќи една фамилијарна приказна, фантастично напишана која зборува за историјата на човештвото во кое се случуваат големи потреси во надворешниот свет, а со тоа и во нивниот изолиран внатрешен свет.

„Последната ноќ“ е психолошка драма која ги напаѓа сите сетила и емоции. Нешто што ги разрушува и уништува сите оние работи што семејството ги гради. Приказна која зборува за поинакво семејство, понижувано смејство кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет, најавуваат од битолскиот Народен театар.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска