Португалскиот роман „Просечен индекс на среќата“ преведен на македонски

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Просечен индекс на среќата“ од португалскиот писател Давид Машадо, добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2015 година.

– Романот е потрага по она што е навистина важно за да се биде среќен, но и обид да се сфати колку едно срце може да биде големо. Ни требаат лоши денови за да ги цениме добрите. „Просечен индекс на среќата“ е неверојатно патување до себе, соопшти издавачот за книгата која на македонски ја преведе Ненад Трповски.

Португалскиот писател Давид Машадо (1978) пред целосно да се посвети на пишувањето, студирал економија и менаџмент во Лисабон. Интересот на читателите првично го привлекол како автор на литература за деца. Покрај наградуваните книги за деца, има објавено и неколку романи и збирка раскази. „Просечен индекс на среќата“ е неговата најуспешна книга.

Преводот на книгата е објавен со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска