Попладнево виртуелна изложба на делата на Роберт Цветковски

Од:

Попладнево во 17 часот ќе се одржи виртуелна онлајн изложба на академскиот сликар од Крива Паланка Роберт Цветковски, насловена „Порака“.

Изложбата се реализира во соработка со Културно-информармативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија, а е поддржан од македонското Министерство за култура.

– Изложбата е селекција на триесет дела од мојот опус, создавани во текот на изминатите четири-пет години. Истата е стегната, концизна и во унифициран формат од 100×70 центиметри. Иако беше планирано истата да се одржи со физичко присуство, поради посебните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, ќе се оддржи онлајн. Ова е и всушност моја прва виртуелна изложба, можеби и прва во државата, но од друга страна, оваа форма нуди можност за пошироката публика да ужива во делата од кое било место, па дури и од удобноста на својот дом, изјави Цветковски.

Изложбата ќе биде отворена во 17 часот, а линкот за вклучување во промоцијата на авторот, со видео презентација и онлајн галеријата, ќе биде поставен на неговата официјална веб страна , како и на неговата ФБ страна.

На страната на Цветковски покрај линкот за денешната изложба можат да се погледнат сите негови дела.
Изложбата „Порака“ ќе биде достапна за јавноста до 30 декември.

Ова е втора изложба на Цветковски годинава реализирана на интернационално ниво, по онаа во ноември во Истанбул, Република Турција. Инаку, делата на Цветковски од неговото тридецениско творештво може да се најдат на сите континенти.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“