Поламат Самидар од Тајланд – најдобар учесник на 36. „Мал битолски Монмартр“

Од:

Со свечено доделување на наградите и прогласување на најдобрите учесници, денеска во Битола заврши 36. Меѓународна детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Со одлука на меѓународното жири на ликовни педагози, годинава за најдобар учесник на ликовниот фестивал во Битола е прогласен Поламат Самидар од Тајланд, а посебни награди добија и учесниците од Хонг Конг за ликовна колекција.

– Заврши другарувањето на децата од целиот свет. Дојдоа со желба да се запознаат меѓу себе но и со битолските занаетчии и други граѓани. Овој настан е уште една промоција на Битола во светот, но и на Охрид и Вевчани каде децата престојуваа и сликаа со своите четки и бои, рече меѓудругото Коста Хаџи Антоновски, раководител на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола.

Според востановената традиција, Здружението на занаетчиите од Битола додели два златни крста за учениците Всевопод Романков од Москва и Там Це Чинг од Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов

Завршува детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Костадиновска-Стојчевска: „Мал битолски Монмартр“ е македонски културен бренд и промотор на нашиот космополитски дух

Ана Ололовска

Ново издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Отворена меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“