Поезија од Марковски објавена во американското списание Harbinger Asylum

Од:

Пет песни од македонскиот поет Стефан Марковски беа објавени во летниот број на списанието Harbinger Asylum, кое излегува четири пати годишно во Хјустон, Тексас, во издание на Transcendent Zero Press.

Прилогот со застапените песни е насловен „По трагата на белиот грифон“ и опфаќа делови од истоимената поетска збирка објавена минатата година во издание на издавачката куќа „Антолог“ и македонско-англискиот избор „Ветена земја“ / Promised Land и се во превод на авторот и Никола Ѓелинчески.

Во актуелниот број, со прозни и поетски прилози на 118 страни присутни се над 40, меѓу кои меѓународно афирмирани автори од сите континенти, што говори за глобалниот предзнак на ова списание.

Уредници на списанието се американските книжевници и книжевни теоретичари: Дастин Пикеринг, З. М. Вајс, Стути Шри и Алекс Маас, додека илустрациите се дело на визуелната уметница Вера Илкон.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска