„Поетската ноќ во Велестово“ годинава во знакот на домашни уметници и гости од Ирска и Бугарија

Од:

Со претставувањето на романот „Некој беше тука“ од Николина Андова Шопова, во Охрид заврши 31-то издание на интернационалната манифестација Поетска ноќ во Велестово.

Во трите фестивалски вечери пред многубројна публика се претставија десетина уметници (поети, музичари, сликари, актери, како и теоретичари) од нашата земја, како и гости од Ирска и Бугарија.

Првата вечер се одржа во село Велестово, а беше отворена со спектакуларен настап на Зарина Првасевда и Александар Петров на тапан. Понатаму, програмата продолжи со поезијата на Иван Џепароски во интерпретација на актерот Владимир Јачев и беседата на проф. д-р Наташа Аврамовска. Вечерта заврши со отворањето на изложбата на академскиот сликар Воскресија Андреевска.

Следниот ден, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа настанот „Поезија напладне“ со Поли Муканова, под модераторство на охридскиот поет Зоран Јакимоски, а беа рецитирани стихови и од поетот венценосенц Владимир Левчев од Бугарија.

Истата вечер во Кафе бар „Шила“ во Охрид, се одржа промоција на стихозбирката „Жалба до Музата“ од ирскиот поет Џери Марфи, во избор и препев на Јулијана Величковска. Стихови читаше актерот Јован Цветкоски, а книгата ја претстави проф. д-р Димитар Пандев.

Во рамки на манифестацијата излезе и 19. број на интернационалната ревија „Поетска ноќ во Велестово“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска