Поетска вечер со Славе Ѓорѓо Димоски во „Матица Ексклузив“

Од:

Со презентација на дел од творештвото издвоено во стихозбирката „Ткаења“ утревечер од 19 часот во „Матица Екскклузив“ во Скопје пред вљубениците на поетскиот израз ќе се претстави охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски.

Промотовен збор за творештвото на Димоски ќе одржи Веле Смилевски, а избрана поезија на авторот ќе читаат Арна Шијак и Роберт Велјановски.

Славе Ѓорѓо Димоски е роден на 18 март 1959 година во охридското село Велестово. Основно училиште учел во Велестово и Лескоец, а гимназија во Охрид. Завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Основач е и долгогодишен раководител на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, а сега е претседател на Управниот одбор на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“.

Во досегашното мошне богато творештво Димоски зад себе има 10 стихозбирки, четири книги за деца, три книги есеи, осум изданија со избор негови стихови, две антологии, а негови поединечни песни и поетски циклуси се преведени на англиски, француски, руски, малезиски, српски, романски, турски, албански, шведски, шпански, чешки, хрватски, словенечки, полски, азерски, украински, бугарски, германски, хебрејски, арапски италијански, грузиски, ерменски, монголски јазик.

Застапен е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот од 1982 година наваму.

Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на бројни награди и признанија меѓу кои наградите „Млад борец“, „Млада Струга“, „Златно Јаболко“, „Браќа Миладиновци“, „Гран-при на Европа“ во Романија, „Златна Есен – Сергеј Есенин“ во Русија, а двапати е лауреат на највисокото општинско призније – „Св Климент Охридски – патрон на Охрид“. 

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска