Поети од Хрватска и Италија на 48. „Караманови средби“ во Радовиш

Од:

Со книжевна креативна работилница со хрватските поети Маријан Гракалиќ и Дарија Жилиќ, како и со младите поети застапени во книгата „Уметноста е ново време“, утре почнува 48. издание на интернационалната поетска манифестација „Караманови средби“, која традиционално се одржува во Радовиш.

Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за задутре, а беседа за Ацо Караманов ќе одржи поетот Христо Петрески, кој е добитник на наградата „Караманов 2021“ за најдобра книга од македонски автори.

Поетите учесници ќе читаат свои песни во рамки на „Поетските меридијани“, а главен настан е доделувањето на Интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов“ на италијанската поетеса Клаудија Пичино.

Годинашните „Караманови средби“ завршуваат на 18-ти овој месец со промоција на Зборникот од оваа манифестација.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска