Почнуваат осумдневните карневалски празнувања во Струмица

Од:

Со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите вечер во Струмица почнуваат осумдневните карневалски празнувања.

Веднаш потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Никола Карев“, кое годинава слави 30 години учество на карневалот.

Утре ќе се одржат два концерти под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, а ќе се објават и резулатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“.

В петок, на 24 февруари, ќе одржи традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно со кралската свита ќе ја предводат Интернационалната карневалска поворка на главната карневалска вечер ( 25 февруари 18,30 ч.).

-И годинава имаме солидна бројка на пријавени од 41 учесници-групи, се разбира најголем дел се наши домашни учесници, а им се придружуваат и групни маски од Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција и од повеќе градови во државата. И оваа година како гости ќе бидат присутни и претставници на FECC од неколку европски земји, изјави градоначалникот Костадин Костадинов на прес конференцијата минатата недела.

Празникот Прочка ( 26 февруари, недела) е резервиран за Детскиот карневал, на кој најмладите ќе продефилираат во маските на нивните омилени јунаци од филмовите и бајките.

На Чист Понеделник (27 февруари) карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните.

Претпоследниот ден е резервиран за Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер.

Карневалот завршува на 1 март со организирање Тримерски ручек и настап на Распеани струмичани, како и враќање на клучот од градот на градоначалникот од страна на карневалистите.

Би можело да ве интересира

Флекс Кредит еден од генералните спонзори на Струмичкиот карневал

Карневалските празнувања во Струмица продолжија со Детскиот карневал

Цел свет на дланка на Струмичкиот карневал

Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Вечер почнуваат карневалските празнувања во Струмица

Струмичкиот карневал ќе се одржи на 16 март