Почнува проектот „Музејска едукација преку цртежи“ на Археолошкиот музеј

Од:

Археолошкиот музеј денеска започнува со проектот „Музејска едукација преку цртежи“. Музејските предмети ќе ги објавуваат на нивните социјални мрежи – на фејсбук и на новиот инстаграм профил arheoloshki_muzej.

Како што посочуваат од Музејот, секој кој ќе се вклучи во овој проект потребно е да ги сподели цртежите со #МузејскаЕдукација преку #Цртежи и да го тагне профилот на музејот. Сите деца кои ќе бидат дел од оваа иницијатива ќе бидат поканети на бесплатна едукативна работилница во нивното едукативно катче, а за возрасните кои ќе се вклучат ќе следи бесплатна посета на Археолошкиот музеј веднаш по завршувањето на вонредната состојба.

– Во овие денови на изолација за #СедиДома на децата им се потребни најразлични едукативни активности. Преку оваа активност децата, цртајќи ги музејските предмети кои ќе ги објавуваме, ќе се запознаат со археологијата и нашето богато културно наследство, како и со примената на тие предмети во минатото. Ги охрабруваме и возрасните да се приклучат во овој креативен проект и да ги споделуваат со нас нацртаните цртежи, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон