Почнува Драмскиот аматерски фестивал на Македонија

Од:

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва ќе почне 49. издание на Драмскиот аматерски фетсивал на Македонија.

Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Грк и весела склероза“ во режија на Перо Даниловски, а во изведба на Аматерскиот театар при Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани, наместо најавената  претстава „Џабе се крева џева за Џони“ во режија на Митко Димовски а во изведба на СУСГ„Никола Карев“ од Скопје.

Во вечерниот термин предвиден за претстави од алтернативен карактер ќе биде изведена претставата „Додека го чекавме Годо„ во режија на Орце Павлов, а во изведба на Драмското студио при Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница. Фестивалот завршува на 1 јуни со настап на студентите од Факултетот за драмски уметности од Скопје.
                                                            

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска