Почнува деветтото издание на Фестивалот на свежа домашна музика „Земјотрес“

Од:

Од денеска до сабота во МКЦ ќе се одржи деветтото издание на Фестивалот на свежа домашна музика „Земјотрес“.

Денеска ќе настапат Дина Јашари и Перија, утре Триџект и Локал Блу, а во сабота Александар Велики и Кантон6. Сите концерти почнуваат во 19 часот.

Билетите по цена од 200 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор.

Бројот на посетители е намален (70 седишта), носењето маски е задолжително за време на целиот настан. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Концерт на Rush To Relax вечер во МКЦ

Ана Ололовска

Премиерна изведба на претставата „Дневна доза мазохизам“ во МКЦ

Ана Ололовска

Прво издание на новооснованиот Скопски поетски фестивал

А1он

„Здраво млади“ во МКЦ парк

Ана Ололовска

Локомотива организира второ издание на летната школа „Курирање во контекст“

А1он

„Маска или преобразба на изопаченото“ – изложба на Бранкица Јордановска

А1он