Почнува 46. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Од:

Во Прилеп денеска, а утре на Рудина, Долнени ќе се одржи 46 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Поради пандемијата фестивалот наместо во почетокот на јули се одржува на 28 и на 29 август со запазување на протоколите за заштита на учесниците и на публиката.

Вечер од 19:00 часот изведувачи на изворниот мелос од земјава ќе настапат на камената бина на плоштадот Александрија во центарот на Прилеп, а утревечер од 18:00 часот изворниот мелос ќе се разлева од лулката на гајдаџиството и на Фестивалот на Рудина, Долнени. Вкупно ќе настапат околу 120 изведувачи.

Според Златко Лашкоски, секретар на Фестивалот се применувата сите мерки за заштита што опфаќа дека помеѓу настапот на групите ќе се избегне секаков контакт.

– Ги презедовме сите заштитни мерки и настојуваме и да го задржиме и да го негуваме изворниот мелос, како една од најголемите традиционални вредности, особено во зачувување на традициите и пренесување на новите генерации. И првата и втората фестивалска вечер имаме околу 120 учесници, што е битно нема да има контакт помеѓу групите. Откако ќе настапат, добиваат диплома и заминуваат за да избегнеме физички контакт. Обезбедивме заштитни маски и средства за дезинфекција и многу ни е битно да се слушне изворниот мелос, вели Лашкоски.

Поради пандемијата од понеделникот, преку видео-презентации на фејсбук-страницата на фестивалот се одржуваат предавања во рамките на семинарот за изучување на народните инструменти и песни.

-Темата на видео-презентациите е „Традиционалната култура во Прилепско поле“. Одржавме презентации на три теми: етнографските карактеристики, традиционалните инструменти и традиционалното пеење во Прилепско поле. Предавачи беа: м-р Стојанче Костов, Горан Василески и професор д-р Родна Величковска, уметнички директор на фестивалот. Се надевам в година ќе може да работиме на терен со младите кои сакаат да го изучуваат изворниот мелос, вели етнокореографот Горан Василески, раководител на Семинарот кој се одржува осум години во рамките на Фестивалот.

В сабота во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи и Научен симпозиум за Фолклорот во минатото и денес“. Фестивалот со 11 трудови на стручни лица го издаде и вториот зборник за Фолклорот во минатото и денес.

Според членот на Управниот одбор Весна Атанасовска Вучиќ, големо е задоволството што живее Фестивалот кој го негува и го одржува изворниот мелос.

-Нека ни е честит и вековит Фестивалот. Со оглед на состојбата со пандемијата, ги применуваме сите заштитни мерки и се надеваме дека и годинава ќе помине во најдобар ред, вели Атанасовска Вучиќ.

Во рамките на Фестивалот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ е отворена изложба на традиционални предмети и носии од Прилепско.

Главен покровител е Министерството за култура, а покровители се и локалните самоуправи на Прилеп и на Долнени.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска