Почнува 39. фестивал на народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“

Од:

Повеќе од 250 исполнители на народни песни и на инструменти од целата држава ќе учествуваат на 39. фестивал на народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“ што денеска почнува во Прилеп.

Од 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ прво ќе се одржи промоција на книгата „Македонското традиционално народно пеење-крестоматија со мелопоетска анализа“ од д-р Родна Величковска, проект поддржан од Министерството за култура. Книгата ќе ја промовира Катерина Петровска Кузманова, а ќе биде претставено и ЦД „Пат послан со песни“ од Тихомир Стојаноски.

Свеченото отворање на Фестивалот е од 20 часот  на камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп. На првата натпреварувачка вечер ќе настапат дел од учесниците, групи и солисти исполнители на изворни песни и инструменти. Утре од 11 часот пред спомен-куќата на Пеце Атанасовски во Долнени ќе се одржи трибина на тема „Форми и содржини на презентирање на изворен фолклор“, а ќе настапат и дел од учесниците на Фестивалот.

На летната сцена на плоштадот „Александрија“ во Прилеп утревечер е вториот натпреварувачки дел. Фестивалот завршува в недела, кога ќе бидат доделени наградите на најуспешните, а учесниците ќе го посетат манастирот „Св. Архангел Михаил“.

Според уметничкиот директор Захаринка Милосављевиќ, Фестивалот речиси четири децении успешно ја негува фолклорната традиција, го зачувува изворниот мелос, а доказ за тоа е што изворната музика ја негуваат младите генерации.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ