Почнува 37. Скопски џез-фестивал

Од:

Со настапот на британскиот џез-пијанист Александер Хокинс, кој за овој концерт доаѓа специјално од од Лондон, во Македонската опера и балет вечер ќе почне 37. Скопски џез фестивал. До недела, 21 октомври, на програмата се четири концерти во терминот од 20 часот во МОБ и три полноќни во Дансинг салата на Младинскиот културен центар.

Џез-пијанистот Хокинс, кој се смета за еден од најиновативните и најимагинативните британски пијанисти и композитори, покрај солистички настапи има и широк спектар креативни контексти, вклучувајќи го и компонирањето за неговиот квартет и ансамбл, како и во проекти на современи музички лидери. Неговите концертни ангажмани му донесоа настапи на големите клупски, концертни и фестивалски сцени низ светот.

На првата фестивалска вечер од 22 часот ќе настапи и славниот американски саксофонист Дејвид Мареј со неговиот квартет, кој заедно со раперот и поет Сол Вилијамс ќе го претстави проектот „Blues for Memo“. Со овој концерт Мареј ќе ја почне својата европска турнеја.

– Кога зборуваме за Дејвид Мареј, несомнено мора да го имаме предвид неговото долго музичко патешествие: речиси и не постои музичар кој со толку страст и посветеност ги има проучувано поврзаноста меѓу авангардата и традицијата и во тој процес стекнал уметнички профил што го прави единствен меѓу саксофонистите од неговата генерација, наведува Скопје џез-фестивал.

На полноќниот концерт во МКЦ ќе настапат бразилскиот гитарист Арто Линдзи, кој ќе пристигне од Рио, каде што живее кога не е во Њујорк, а во Скопје ќе му се придружи норвешкиот тапанар Паал Нилсен-Лав, еден од најактивните и најпродуктивните скандинавски музичари во последните две децении.

Скопски џез-фестивал најави ексклузивна, уникатна и храбра програмска ориентација за претстојното издание. Годинава ќе доминира современиот џез, а музичарите што ќе учествуваат специјално ќе дојдат за фестивалот и нивните концерти, освен на Дејвид Мареј, не се дел од турнеи. Тоа се главните одлики по кои годинашниот, 37-ми фестивал, се разликува од минатите изданија.

Би можело да ве интересира

Баги Биг Бенд со видео за Светскиот ден на џезот

Ана Ололовска

Онлајн видео концерти за Меѓународниот ден на џезот

Ана Ололовска

Во Битола вечерен Новогодишен џез концерт „Приказна за еден град“

Ана Ололовска

Квартет тромбони со концерт во Софија – „Класиката го среќава џезот“

Ана Ололовска

RADIOHEADJAZZ донесе виртуозност и уникатност!

Ана Ололовска

Концерт „RADIOHEADJAZZ!“ на Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари

Ана Ололовска