Почнува 36. Скопски џез-фестивал

Од:

Со концерт на Давид Хелбок трио од Австрија и на големиот ансамбл од Норвешка – Трондхејм џез оркестра со Оле Мортен Ваган, вечер во Македонската опера и балет ќе почне 36. Скопски џез-фестивал. Во четирите фестивалски дена се најавени актуелни и врвни имиња во џез-музиката од САД, Европа и Африка.

– Ексклузивно, за единствен европски концерт од Чикаго доаѓа една од најдобрите џез-пејачки во светот – Ди Александер (20 октомври). Во иста вечер (21 октомври) ќе настапат две легендарни имиња од САД – Марк Рибо со проектот Јанг Филаделфијанс и Стив Колмен со легендарните Фајв елементс, соопшти Скопје џез-фестивал.

Од Норвешка ќе гостува и ансамблот Пал Нилсен-Лав Ларџ Јунит кој ќе настапи на крајот од фестивалот (22 октомври). Еден од најдобрите светски џез-пијанисти, Крег Тејборн, ќе настапи со својот квартет, а покрај Давид Хелбок трио, од Австрија ќе гостува и Интерзоне на Марио Ром.

Најавени се и два полноќни концерта со афро-бит легендите Орландо Џулиус и Хелиоцентрикс и Ентони Џозеф со својата група. Соло-настап ќе има големото име на италијанскиот џез – Роберто Отавиано.

Во четирите главни вечери (19-22 октомври) концертите ќе се одржат во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот. Во втората и третата вечер (20-ти и 21 октомври) полноќните концерти ќе бидат во Дансинг-салата на Младинскиот културен центар. Четвртиот ден ќе има попладневен концерт во кино „Фросина“ во МКЦ со почеток во 17 часот.

Ќе има и посебна дополнителна програма составена од проекции на два документарни филма и една мултимедијална презентација.

Презентацијата на Ичо Видмар „New Music In New York” и проекцијата на документарниот филм „The Jazz Loft According To W. Eugene Smith“ ќе се одржат во кино „Фросина“ на 21 октомври со почеток во 15 и 16 часот. Проекцијата на филмот „Dixieland” (програма за млади) е во соработка со фестивалоте „Џифони“ и „Македокс“ и ќе се одржи во кино „Фросина“ утре од 12 часот.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска