Почнува 17. издание на фестивалот „Актерот на Европа“

Од:

Со врачување на престижното признание „Актерот на Европа“ за 2019 година на Португалската театарска и филмска актерка Мариа До Сеу Гера и основач на култниот театар Барака од Лисабон и наградата „Клучевите на Преспа“ на Агим Пољоска од Македонија и Захари Иванов од Бугарија вечер во ресенскиот амфитеатар ќе почне 17. издание на Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“.

На манифестацијата ќе бидат прогласени и добитниците на повелбата „Балканот – Срцето на Европа“ на Стојан Андов од Македонија, Ставрос Ѕимас од Грција и Кјутим Чашку од Албанија.

По официјалното отворање на фестивалот и поздравните обраќања на градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, почесниот претседател на фестивалот Бранислав Мичуновиќ-Жага, претседателот на жирито Мето Јовановски, претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш, предвидено е да биде прикажана проекција од специјалниот документарен филм со сите нејзини театарски и филмски креации на годинашниот лауреат на „Актерот на Европа“, Мариа До Сеу Гера

Во рамки на натпреварчувачкиот дел ќе бидат прикажани претставите „Шеги на љубовта“, од Антон Павлович Чехов на сатиричен театар „Алеко Константинов” Софија, „Смрт и девојка“ од Ариел Дорфман на Црногорскиот народен театар од Подгорица, „Симедеја или човечки глас“ по мотиви од текст на Жак Кокто, а во режија и изведба на Фадиљ Хисај од Косово, „ЗОО Приказна“ на Едвард Олби во изведба на Здравко Стојмиров од Македонија, „Пауна“ по текст на Мирјанка Р. Селчанец, а во изведба на Сара Марковска и „Со што, со кого во ЕУ“ на Драган Тешиќ и Драфт театар од Тузла (БиХ).

Фестивалот завршува на 11 јули со прогласување на победниците и врачување на наградите за најдобрите театарски достигнувања на годинашното издание.

Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“ беше востановен пред 11 години кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското Езеро за меѓуграничен европски парк меѓу Македонија, Грција и Албанија. Група европски и македонски интелектуалци го покренаа Интернационалниот театарски фестивал, на бреговите на Преспанското Езеро, кој секоја година ќе го слави како голем подвижник на историјата, „Неговото величество актерот“.

По оваа оригиналност „Актерот на Европа“ го препознаваат насекаде во светот величествените европски имиња како Љуба Тадиќ, Брус Мејерс, Раде Шербеџија, Ана Патерсон, Милена Зупанчич, Јон Карамитру, Зијах Соколовиќ, Костас Гакидес, Ирина Евдокомова, Димитри Орготска…

Фестивалот на кој до сега се видени околу 200 претстави од скоро сите европски земји, се одржува во организација на „Езеро без граници“, Општина Ресен и Универзитетот за аудиовизуелни уметности.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска