Почнува 10. „Скупи Фестивал“

Од:

Со комедијата „Слуга на двајца господари“ на Карло Голдони, во режија на Куштрим Бектеши и изведба на Професионалниот театар од Призрен, вечер во киното „Фросина“ ќе почне 10-то јубилејно издание на „Скупи фестивал“.

Оваа интернационална манифестација ќе се одржува до деветти овој месец во Младинскиот културен центар-Скопје.

Покрај комедијата „Слуга на двајца господари“, посетителите ќе можат да погледнат уште шест претстави – „Кожурки“ на истанбулската компанија „Пангар“, „Несоница“ на  МИТ ФАКТОРИ од Прага, „Тие влегуваат без да тропнат“ на Театарот на денот од Тирана, „Вампир“ на Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград и „Пред да умреш“ на Стерео Акт од Будимпешта. Фестивалот ќе го затвори претставата „Жозефина“ на независниот театар Шаливате од Брисел.

Во текот на фестивалот ќе биде промовирана и монографијата објавена по повод 10-годишното постоење на фестивалот.

МТФ „Скупи фестивал“ е поддржан од Министерството за култура и Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

„Шкупи“ вторпат поразен од „Левски“

Бугарското МНР бара ефикасна истрага и спроведување на правдата за случајот со повредениот навивач на Левски

Горан Наумовски