Почна снимањето на филмот „Синиот час“

Од:

„Синиот час” е насловен краткометражниот филм по сценарио и во режија на Ана Јакимска кој почна да се снима вчера, во продукција на „Кавал филм“ и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм.

Филмот е приказна за девојка која доаѓа во главниот град од мало провинциско место со големи очекувања, надежи и соништа за иднината.

– И покрај тоа што успева да се избори за своето место и да се интегрира во урбаната средина, сепак одредени ситуации ќе ја соочат со животот и реалноста наспроти нејзините очекувања, соопшти продуцентската куќа „Кавал филм“.

Улогите во филмот ги толкуваат Наташа Петровиќ, Жаклина Стевковска, Дарко Набаков и Тамара Ристоска. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф: Симо Бранов, костимограф:Жаклина Крстевска, композитор Тони Китановски, монтажер Горјан Атанасов, шминкер Жанета Димитриевска.

Продуцент на филмот e Роберт Јазаџиски од „Кавал филм“, а копродуценти се Дејан Крајчевски од „Круг филм“ и Павлина Проевска од „Филмс за нас“.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето