Почна 39. издание на фестивалот „Пеце Атанасовски“

Од:

На плоштадот „Александрија“ во Прилеп, синоќа беше отворен 39. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Поздравувајќи го Фестивалот советникот за култура при локалната самоуправа Снежана Ристеска нагласи дека Прилеп е фестивалски град и ги чува и негува традициите и фолклорот.

– Фестивалот „Пеце Атанасовски“ речиси четири децении неуморно докажува дека ја чува изворната музика, а Прилеп секогаш дава сесрдна поддршка, рече Ристеска.

Градоначалникот на Долнени, Боше Милошески посочи дека Фестивалот е поврзан и неговата општина, бидејќи таму е спомен куќата на Пеце Атанасовски и оти ќе останат поддржувачи на манифестацијата.

На Фестивалот учествуваат над 250 учесници, групи и соло исполнители на изворни песни и инструменти од сите краишта на Македонија.

На камената бина на плоштадот „Александрија“ синоќа се одржа првата натпреварувачка вечер, каде учествуваа групи, соло изведувачи од Скопје, Пробиштип, од Валандовско, Битола, Кичево, од Прилеп, Мариово, а има гости и од САД.

Пред настапот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше промовирана книгата „Македонското традиционално народно пеење-крестоматија со мелопоетска анализа“ од д-р Родна Величковска, проект поддржан од Министерството за култура. Промотор на книгата беше Катерина Петровска Кузманова, а беше претставено и компакт дискот насловен „Пат послан со песни“ од Тихомир Стојаноски.

Учесниците денеска ќе присуствуваат на трибина во спомен куќата на Пеце Атанасовски во село Долнени. Трибината е на тема „Форми и содржини на презентирање на изворен фолклор“.

Вечер од 20 часот на плоштадот „Александрија“ во Прилеп е втората натпреварувачка вечер со исполнители од повеќе места и градови од земјава. Стручно жири утре ќе ги додели наградите на најдобрите изведувачи и групи на годинашниов Фестивал.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ